| Што е ГЕМ? |
|
|
|
|
ГЕМ беше дефиниран во 1997 година од страна на Мајкл Хеј и Бил Бајгреив, додека студијата за изведливост беше финансирана од страна на Школата за бизнис од Лондон и Бабсон Колеџ. Првото светско истражување ГЕМ беше реализирано со учество на 10 држави во 1999 година, кога Пол Рејнолдс ја имаше улогата на Главен истражувач. Од тогаш, ГЕМ прерасна во конзорциум составен од 64 национални тимови. Во 2004 година, Школата за бизнис од Лондон и Бабсон Колеџ го пренесоа интелектуалниот капитал на ГЕМ на Светската асоцијација за истражување на претприемништвото (ГЕРА) која претставува непрофитна организација управувана од претставниците на националните тимови, основачите и спонзорите. ГЕМ е глобално истражување кое се спроведува секоја година, започнувајќи од 1999. Во 2008 година, во него учествуваа 43 земји во светот, вклучително и Република Македонија. ГЕМ има за цел:
Земји учеснички во 2008 година Во ГЕМ е направена класификација помеѓу земји чиј раст се потпира на основните фактори на производство (factor-driven countries), земји чиј раст се потпира на зголемување на ефикасноста (efficiency-driven countries) и земји чиј раст се потпира на иновативност (innovation-driven countries). Оваа класификација е направена во согласност со Извештајот за светската конкурентност од 2008 година и го прикажува односот помеѓу претприемништвото и економскиот развој. Како што покажаа претходните истражувања во ГЕМ, односот помеѓу претприемништвото и економскиот развој се разликува во различните фази на економскиот развој. Во 2008 година, 43 земји учествуваа во проектот ГЕМ. Земји чиј раст се потпира на основните фактори на производство:
Земји чиј раст се потпира на зголемување на ефикасноста:
Економии чиј раст се потпира на иновативност:
* Транзициски земји: од земји чиј раст се потпира на основните фактори на производство кон земји чиј раст се потпира на зголемувањe на ефикасноста ** Транзициски земји: земји чиј раст се потпира на зголемувањe на ефикасноста кон земји чиј раст се потпира на иновации |